Астрономски настани кои можат да се набљудуваат на Кокино
Астрономски настани кои можат да се набљудуваат на локалитетот во раните утрински часови се:
20 или 21 март: Изгрев на сонцето на денот на пролетната рамноденица. Се набљудува од западната астрономска платформа, околу 15 минути по изгревот на сонцето на морско ниво, а нешто потоа може да се набљудува и од северната астрономска платформа, околу 1 час и 30 минути по изгревот на сонцето на морско ниво.
14 или 15 мај: Појавување на сонцето на обредниот (двоен) маркер и осветлување на еден од троновите. Набљудувањето се врши од платформата со тронови. Појавувањето на сонцето е околу 1 час по неговото изгревање на морско ниво.
21 или 22 јуни: Изгрев на сонцето на денот на летната долгоденица. Набљудувањето се врши од западната астрономска платформа. Појавувањето на сонцето е околу 1 час по неговото изгревање на морско ниво.
31 јули: Појавување на сонцето на обредниот (двоен) маркер и осветлување на еден од троновите. Набљудувањето се врши од платформата со тронови. Појавувањето на сонцето е околу 1 час по неговото изгревање на морско ниво.
23 септември: Изгрев на сонцето на есенската рамноденица. Се набљудува од западната астрономска платформа, околу 15 минути по изгревот на сонцето на морско ниво, а нешто потоа може да се набљудува и од северната астрономска платформа, околу 1 час и 30 минути по изгревот на сонцето на морско ниво.
21 или 22 декември: Изгрев на сонцето на денот на зимската краткоденица. Набљудувањето се врши од западната астрономска платформа. Појавувањето на сонцето на маркерот се случува околу 10 минути по неговиот изгрев на морско ниво.
За прецизни информации, контактирајте со Музејот во Куманово на museumkumanovo@gmail.com или на телефонскиот број +389 (031) 416-716.