Националната установа Музеј – Куманово е формирана во 1964 година. Располага со збирка од околу 7.000 експонати во сите музејски одделенија (археолошко, историско, етнолошко, ликовно и одделение за евиденција, документација и заштита), што е резултат на теренските истражувања и научна обработка на вработените во него.
Постoјаната музејска поставка е сместена во стара градска куќа во центарот на градот, изградена во 1926 година, со типични обележја на старата градска архитектура од тоа време. Дел од оваа музејска поставка е резервиран за археолошките наоди од локалитетот Кокино. Во дворот на градската куќа во која е сместена музејската поставка се наоѓа лапидариум. Музејот е отворен секој ден од 9 до 16.30 часот, освен во понеделник.